Компанијата Nova Certification објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Nova Cerfitication е грчка компанија со претставништво во Македонија чија примарна дејност е вршење на инспекција на лифтови. Компанијата претставува акредитирано инспекциско тело во ESID, Институт за акредитација на Р. Грција, која може да врши прва, периодична и вонредна инспекција на лифтови, нотифицирана под единствен нотификациски број издаден од Брисел.

 

Компанијата има потреба од еден дипломиран електро инженер кој ќе биде вработен како инспектор во тренинг, каде што инспекциите ќе ги врши со сертифициран инспектор. Вработениот потоа ќе има можност да го продолжи својот тренинг во Грција.

Потребно е кандидатот да ги исполнува следните предуслови:

  • Одлично говорење, пишување и читање англиски јазик
  • Возачка дозвола - Б категорија

За предност ќе се смета доколку кандидатот има познавање и од грчкиот јазик.

 
За подетални информации во врска со работното место можете да контактирате со претставници на компанијата на оваа e-mail адреса.