21/08/2012

Почитувани матуранти, објавен е списокот на пријавени кандидати на ФИНКИ од првиот уписен рок за учебната 2012/2013 година. Истиот можете да го најдете на Join, порталот за идни студенти на ФИНКИ, во делот Документи - Прв уписен рок.
Постапка за поднесување на приговор на објавена листа на пријавени кандидати
21.08.2012, 14:00 до 22.08.2012, 14:00
По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, во рок од 24 часа, почнувајќи од 21.08.2012 од 14:00 часот , може да се достави приговор за технички пропусти.
Техничките пропусти се однесуваат на:
- Печатна грешка на лични податоци
- Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми
- Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на следниот образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје.
Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–14:00 часот.
Со почит,
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје