
На 1 aвгуст во Лондон, SMART Technologies, лидерот во полето на колаборативни едукативни решенија, најави дека најголемиот SMART тренинг центар во Адриатичкиот регион официјално ќе започне со работа од десетти Септември оваа година. Овој центар ќе биде најнапредниот во регионот кој што ги вклучува државите: Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора - но и повеќе.
Новиот SMART тренинг центар при ФИНКИ беше креиран со цел на студентите да им помогне на студентите, преку поддршка кон нивните визуелни, аудиторни, физички и мобилни потреби, како и социјални и комуникативни побарувања., што значително ќе го олесни академското учество на студентите во наставата. Дополнително, значителен дел од опремата е наменета не само да го олесни процесот на учењето, туку и да внесе одреден степен на забава во истиот.

Цитати:
,,Ова е одлична можност за ФИНКИ, и македонското образование воопшто. SMART технологиите се централен дел од нашата философија и пристап кон едукацијата, и се чувствуваме високо привилегирани од можноста да бидеме дел од овој проект. - Martin Large, Group Chef Executive во Steljes
,,Воведот на SMART таблите диктираше постепена промена во педагогијата во училиштата, а исто така, создаде неверојатна футуристичка околина за учење, во која што студентите и наставниците можат да соработуваат, комуницираат и да култивираат критично размислување и вештини за решавањето на проблеми, на забавен и вклучителен начин, кој што прави огромна разлика. А, околината за учење при ФИНКИ ќе ви помогне да станете дел од еден светски иновативен тим.' - Mari Bojmalieva, Category Business Director за адриатичкиот регион во Steljes