
Нашите студенти Ана Тодевска, Елена Димитровска и Кире Галев креираа startup проект со кој учествуваат на натпреварот на Webit 2012 Startup Challenge. Повеќе детали за проектот можете да прочитате во понатамошниот текст.
A-La-Carte е еден од 503-те пријавени стартапи од повеќе од 60 земји од ЕМЕА регионот (Европа, Средниот Исток и Африка) за овогодишното финале на Webit 2012 Startup Challenge. Во финалето на 10 и 11 октомври во Истанбул ќе учествуваат 21 финалист, од кои жирито веќе избра 18. Истото жири одлучи преку интернет гласање да се одберат преостанатите 3 места. A-La-Carte е една од проектите која се натпреварува пополни едно од тие три места.
Идејата за A-La-Carte е продолжение на проектот iBar кој студентите го работеа по предметот Безжични и мобилни технологии кај професор д-р Љупчо Антовски и асистент м-р Панче Рибарски. Целта на A-La-Carte е да понуди Cloud платформа и онлајн услуги за продажни места за храна и пијалоци, како ресторани, кафе барови, ресторани за брза храна и слично. Основна услуга е креирање мени со производи кои се продаваат во одреден локал, кое мени потоа може да се вметне во веб страница или да се сподели преку социјалните мрежи. Исто така би постоела и апликација за мобилни уреди со која би можело да се пребаруват локали или производи според географската локација. Со истата апликација би можело да се пристапи и до онлајн менито на одреден локал преку скенирање QR код или приближување на мобилниот уред до NFC налепница кои би се наоѓале на масите во истиот локал. Дополнителна услуга би бил Cloud сервисот за комплетно управување со продажбата во локалот, така што и гостите од своите мобилни уреди би можеле на прават нарачки и плаќање на сметките.
Тимот на A-La-Carte е составен од Ана Тодевска, Елена Димитровска и Кире Галев, студенти на ФИНКИ, запишани на студиската програма Професионални студии по Информатички технологии.
Доколку сакате да ги поддржите нашите студенти ве молиме гласајте за A-La-Carte на овој линк. Гласањето трае од 8ми до 15ти август.