Почитувани матуранти,

во согласност со првите уписни рокови на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот ќе одржи live chat сесија на ден 13 Август, во 13 часот.

На истата сесија ќе имате можност да ги поставите сите Ваши прашања поврзани со Факултетот, наставата и претстојните уписи, а секако, истата ќе ја водат соодветни лица назначени од Факултетот. Се надеваме дека ќе имаме можност да разговараме со сите зинтересирани матуранти, како и дека ќе ви помогнеме околу изборот на факултет, како и запишувањето на истиот.

Со почит,
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.