13/07/2012
Четири нови лаборатории опремени со високо софистицирана опрема беа отворени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на 12.07.2012 година.
На свеченото пуштање во употреба придружуван од министерот за образование и наука Панче Кралев присуствуваше премиерот Никола Груевски, кој истакна дека овие лаборатории заедно со останатите што претходно се набавени и оние што влегуваат во овој пакет, ФИНКИ ќе биде еден од најопремените факултети во регионот во Југоисточна Европа во конкуренција на другите вакви факултети.
На промоцијата беа пуштени во употреба:
- лабораторија за пресметување со високи перформанси
- лабораторија за мобилни и мултимедиски апликации
- лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање
- серверска лабораторија
Лабораторија за пресметување со високи перформанси
Лабораторијата располага со 84 блејд сервери, секој со 12 физички (24 логички) процесирачки јадра, секој со 24 GB RAM. Вкупно 1008 физички (2016 логички) јадра, и 2TB меморија. Инсталиран е склад од 30 GB со највисоки перформанси, и мрежа за поврзување со пропусен опсег од 40 Gbit и 1.5 μs латентност.

Лабораторијата за мобилни и мултимедиски апликации е поткрепена со учество и поддршка на меѓународни и локални истражувачки проекти, како што се градење видеоконференциска инфраструктура на универзитетите во Република Македонија и поврзување на таа мрежа во европската инфраструктура.

Лабораторијата располага со 6 сервери со високи перформанси и 2 складови, кои се користат за хостирање на многуте сервиси од Грид инфраструкутрата, кои се неопходни за што е можно потранспарентно искористување на Грид кластерите во Македонија и Европа.
Серверска лабораторија
Лабораторијата располага со 8 сервери со високи перформанси и 2 складови, современа мрежна опрема и опрема за заштита на мрежата. Лабораторијата ќе игра улога на централен сервис за сите научни лаборатории при Факултетот.
Листа со медиумски текстови за настанот е достапна во делот Прес.