Центарот за е-технологии и мрежи при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство доби донација во опрема од компанијата производител на чипови NVIDIA. Донацијата се состои од GPU опрема за пресметување со високи перформанси, поточно моделот NVIDIA Tesla C2070, кој овозможува пресметки со повеќе од 500 GFLOPS со двојна прецизност, односно 1 TFLOPS единечна прецизност. Техничките спецификации на овој модел можат да се погледнат на официјалната веб страна на NVIDIA [PDF].
 
Компанијата NVIDIA одлучи да донира опрема, со цел да се помогне истражувачката работа на проектите на Центарот за е-технологии и мрежи, бидејќи препозна квалитетна можност за добивање на резултати, кои би дале придонес во полето на мрежни симулации, користејќи ги NVIDIA CUDA C/C++ и NVIDIA OpenCL технологиите. 
 
 /> </div>
<p>Центарот за е-технологии и мрежи изразува благодарност за донацијата и изразува надеж за идни соработки со компанијата NVIDIA.<br /> 
<div> </div>
<div><img style=