Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, учествуваше на 14-тиот Меѓународен саем за образование и кариера, кој се одржа од 13 - 15.04.2011 на Скопскиот Саем. За време на саемските денови, претставниците на ФИНКИ на посетителите им ја презентираа програмата на Факултетот, новите студии, како и позитивните промени кои ќе се случат како резултат на спојување на професорскиот и соработничкиот кадар од информатичките институти при ПМФ и ФЕИТ.

Посетителите пред сѐ беа запознаени со старите и новите студиски програми, квотите на студенти, можностите за професионални студии и магистерски студии. Добрата организација и презентација на Факултетот на саемот прикажа дека станува збор за вистински професионалци со голем ентузијазам кои ќе настојуваат идните студенти да добијат најквалитетно образование и најдобрите можности за студирање.
 
Галеријата со фотографии од настанот можете да погледнете на официјалниот Facebook профил на ФИНКИ. Дел од фотографиите се дадени во продолжение.
 
 width=
 /></td>
</tr>
<tr>
<td><img style=