Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов број 58.

Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот од 03.02.2025 - 21.02.2025 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација
  • Копии од страниците 2 до 5 од здравствената легитимација

Прегледот вклучува лабораториска анализа (од 7:30 до 10:00 часот), општ медицински преглед и стоматолошки преглед. 

ДокументГолемина на документ
PDF icon sistematski.pdf360.19 KB