Димитар Пешевски е роден во 2001 година во Битола, Македонија. Основно образование завршува во ОУ „Св. Климент Охридски“, Битола, а средно гимназиско образование завршува во СОУ Гимн. „Јосип Броз Тито“, Битола, со континуиран одличен успех.
Во 2020 година се запишува на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на насоката Компјутерски науки, а дипломира во 2024 година со просечна оценка 10,00 со одбрана на дипломскиот труд „Анализа на економската структура и комплексност преку конструкција на влезно-излезни мрежи на производство со помош на генеративна вештачка интелигенција“ под менторство на проф. д-р Димитар Трајанов. Во текот на студирањето секоја година е наградуван како еден од најдобрите студенти на Факултетот. Во рамки на последната година од своите студии е ангажиран како лаборант на Факултетот по предметите Вовед во науката за податоци и Оперативни системи.
Во 2024 година се запишува на магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на насоката Data Science in Computer Science and Engineering. Во истата година е избран за демонстратор на Факултетот.
Области на негов научно-истражувачки интерес се: наука за податоци, машинско учење, вештачка интелигенција, паралелно и дистрибуирано процесирање и софтверско инженерство. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа како автор и коавтор има објавено неколку научни трудови на домашни и меѓународни конференции и во журнали.