По повод 13-иот роденден на ФИНКИ, на 02.04.2024 (вторник), со почеток во 10 часот, ќе се одржи роденденска трка.

Рутата на крос трката е дадена во прилог, стартот е во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар (https://maps.app.goo.gl/PHaVSFXgNGhVDjjSA) се до влезот на Владата на Северна Република Македонија како симболичен чин со кој сакаме да ја истакнеме и подигнеме свеста за проблемот со недостигот на соодветен образовен простор за студентите на ФИНКИ.

Завршувањето на трката пред Владата ќе претставува почеток на мирен протест, каде ќе покажеме дека бројот на засегнати студенти е голем и дека барањето за подобрување на условите е итно и неопходно.

На 02.04.2024, поради трката и мирниот протест, нема да има настава за сите студенти на ФИНКИ.

ruta.png

0