![](https://beta.finki.ukim.mk/sites/default/files/styles/medium/public/24d2a8ed-0d9b-47e4-8137-21371e605976.png?itok=XUb2CRuG)
Традиционално како и секоја година ФИНКИ го поддржува настанот DIGIT 2023 кој ќе се одржува во периодот од 06.03.2023 - 10.03.2023.
Подгответе се да го проширите вашето знаење и да ги развиете своите вештини со DIGIT(Design and Interactive Graphics in IT), едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето.
Темата на ова издание на DIGIT е развој на апликации со помош на Angular. Настанот ќе се одржи во периодот од 06.03.2023 - 10.03.2023, во канцелариите на компанијата MCA. Под менторство на врвни професионалци ќе имате можност своето знаење да го преточите во финален продукт, кој ќе го презентирате пред компаниите-учеснички на настанот.
За оние кои успешно ќе ја завршат работилницата и ќе имаат 80% од посетеноста на настанот поднесено е барање за одобрување на 2 ЕКТС кредити и сертификат, а за членовите на најдобриот тим ќе следуваат дополнителни награди.
Не ја пропуштајте оваа шанса да ги подигнете вашите способности за дизајн и програмирање на следното ниво. Регистрирајте се сега на DIGIT и придружете ни се!
Апликацијата ќе биде отворена до 25.02.2023 (23:59 часот), а потоа само избраните учесници ќе бидат исконтактирани.
Аплицирајте на следниов линк