На 24.11.2022 година во технолошкиот парк во Болоња, Италија беше отворен суперкомпјутерскиот систем Леонардо, во моментов 4. пласиран на Top500 листата на најбрзи суперкомјпутери на светот. Системот е заедничка инвестиција на Италија и Европската унија преку EuroHPC JU. Имајќи предвид дека нашата земја е рамноправна членка на EuroHPC JU, македонските истражувачи имаат можност да се пријавуваат на отворените повици за активно користење на овој, но и другите системи обезбедени со поддршка на EuroHPC JU. ФИНКИ, како Национален Центар за компетенции и како институција која на национално ниво го има мандатот да ги кооридинира активностите во рамките на EuroHPC JU е на располагање на сите истражувачи, но и компании од земјата за поддршка за користење на проецесирање со високи перформанси (HPC) и аплицирање за европските ресурси за таа намена. На свеченото отварање на Леонардо, беше присутен д-р Анастас Мишев, редовен професор на ФИНКИ.

Системот Леонардо се состои од 4992 пресметувачки елементи, распоредени во 155 ормари, поставен на преку 600м2 простор, со вкупно 2800 Терабајти RAM меморија и преку 110 Петабајди простор за складирање. Врвните перформанси достигнуваат 250 PetaFLOPS. Вкупната потрошувачка на енергија е околу 6000 kW.

 

0