⋮IWConnect неколку години со ред организира менторски програми за одредена технологија со која оваа компанија работи. Целта на менторските програми, кои се бесплатни, е да им овозможи на кандидатите да го прошират своето знаење во ИТ индустријата, а со самото тоа да им се овозможи и нивно вработување. Оваа есен, ⋮IWConnect повторно продолжува со менторските програми и од денес ја најавува и менторската програма за интеграциската платформа SnapLogic.  

Покрај проширување на знаењето во областа на интеграција, специфично SnapLogic, менторската програма дава и можност за вработување во ⋮IWConnect (ќе бидат селектирани најдобрите кандидати по завршувањето на менторската програма), работа на реални проекти во реални ситуации, развој на лични и професионални вештини преку работа во тим, и индивидуална работа и многу други бенефити.

SnapLogic е интелигентна платформа за интеграција со која ⋮IWConnect работи повеќе од 7 години на проекти за клиенти како Сони, Икеа и многу други.

Доколку сакаш да изучуваш SnapLogic и сакаш да станеш дел од ИТ светот, аплицирај тука: SnapLogic Менторска Програма

Менторската програма ќе се изведува во просториите на компанијата. Повикот за кандидати е отворен до 7 ноември 2022, и важи за цела Македонија.

008852.jpg

0