Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство се залагаме и поддржуваме нови иновативни решенија кои го олеснуваат општественото секојдневие.  Во оваа насока би сакале да изразиме поддршка за соработката меѓу СмартАп и Уницеф во нивниот престоен проект кој има за цел подобрување на квалитетот на образованието преку имплементирање на иновации во образовниот систем.

 

Преку своите активности, проектот ќе резултира со развој на Национална веб - платформа која ќе помогне во подобрување на квалитетот на предучилишната настава. За таа цел, досега се креирани четири MVP веб-решенија кои треба да го поминат процесот за тестирање, за да се добие рамка за понатамошен развој.  За успешно тестирање на платформите, организациите имаат објавено повик за регрутирање на 98 лица - тестатори за прототип веб-решенијата. Тестирањето е доброволна активност и ќе биде изведена во контролирани околности.

 

Веруваме дека оваа активност ќе ви овозможи вам, студентите да се запознаете со принципите на UX/UI дизајнот и да се запознаете со нова методологија на работа која користи принципи на дизајнерското размислување (Human Centered Design - Design Thinking). Дополнително, сметаме дека би било исклучително позитивно и  општествено одговорно доколку како факултет покажеме дека нашите студенти се тука да помогнат во интересни и нови иницијативи.

 

Затоа сакаме да ве известиме дека тестирањето ќе се одржи во просториите на на Барака 1 - Нокиа, во периодот од 21.02.2019 – 28.02.2019.

Ве охрабруваме да земете учество во оваа активност за која е потребно да аплицирате.

 

Повикот можете да го најдете на следниот линк

Аплицирајте на следниот формулар

Рок за пријавување до 18.02.2019!

 

По завршувањето на рокот, за вашето присуство ќе бидете известени најмалку два дена пред вашиот термин по телефон и е - маил.

 

*Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје,  Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ , а го спроведува СмартАп - Лабораторијата за социјални иновации.

 

1