Во рамките на Х2020 проектот Виртуелни истражувачки околини за регионалните интердисциплинарни заедници во југоисточна Европа и источен Медитеран - ВИ- СЕЕМ, на 18.10.2017 година ќе се одржи дисеминациски настан за претставување на можностите што проектот ги нуди за истражувачката заедница во РМ. Целни групи се пред се истражувачите од областите:

  • климатологија
  • науки за животот
  • дигитализација на културно наследство.

Преку сервисите и инфраструктурата која ја нуди овој проект, се овозможува нивно поуспешно вклучување во современите трендови на компјутерско потпомогнато истражување и користење на расположливите е-Инфраструктури на национално и европско ниво.

Повеќе информации за настанот (агенда, предавачи, материјали) ќе најдете на страницатаhttps://events.hpc.grnet.gr/event/55/

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (Анекс на ТМФ), во периодот од 9:30 до 16:00 часот.

Ве повикуваме да учествувате на овој настан за да се запознаете со можностите што ги нуди инфраструктурата во рамките на овој проект, но и пошироко, како и за воспоставување на нови контакти и можности за соработка.

За учество, ве молиме да се регистрирате на следната страница најдоцна до 15.10.2017 годинаhttps://events.hpc.grnet.gr/event/55/registration/ 

1