NASA Space Apps Challenge е најмасовен интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на 6 континенти, во 150 градови, со над 15.000 учесници. Програмери, научници, дизајнери, инoватори, економисти и сите ентузијасти за вселената работат на зададени предизвици од NASA, која за време на хакатонот дава отворени податоци од своите истражувања на учесниците за да ги искористат во своите решенија.

 

finki-belo-eng.png

 

Оваа година NASA Space Apps Challenge се оддржува по 5ти пат во Скопје, од 28-30 Април во просториите на NewMen’s Business Accelerator.

Како и секоја година, NASA поставува реални предизвици од различни категории. Овогодинешните категории се од областа Earth и Space. Повеќе информации околу предизвиците на следниот линк!

 

Како награда по повод јубилејот ексклузивно оваа година победничкиот тим од Скопје ќе има можност да патува во Кенеди Центарот на NASA во Флорида и да проследи полетување на вселенско летало со покриени трошоци за пат и влез како и обезбедена логистика.

 

Секој кој има желба за работа и сака да се надогради себе си може да се пријави и да се здобие со нови искуства, вештини, нови пријатели и незаборавни забавни моменти .

Пријави се на следниот линк и не пропуштај ја можноста за посетa на вселенско полетување. 
 
 
0