Во февруари ќе се одржи Hash code, натпревар во програмирање креиран од Google. Во овој натпревар, тимовите имаат задача да решат алгоритамски проблеми кои се инспирирани од реални предизвици со кои се соочува Google (тука може да видите некои од проблемите од претходните изданија).
На 23-ти февруари во 18.30 часот ќе се одржи Online Qualification Round. По завршувањето на online квалификацијата, водечките тимови ќе бидат поканети во Google во Париз за да се натпреваруваат во финалната рунда на натпреварувањето која ќе се одржи на 1-ви април. Заинтересираните тимови може да се пријават да се натпреваруваат во Hub-от на ФИНКИ.
Се покануваат сите заинтересирани студенти на ФИНКИ да земат учество во натпреварот.
Повеже информации за натпреварот и пријавувањето може да дознаете на следниот линк.