„Digit Web - Community Websites“ e темата на овогодинешното издание на DIGIT. Главната идеја на настанот е работилница наменета за напреден веб дизајн, каде што ќе се работи на тема Front-End Community Websites, односно т.н. веб-сајтови за заедницата, сајтови кои решаваат одреден нејзин проблем. Под „проблем“ би се подразбрало дека на овогодинешниот ДИГИТ ќе се прават веб-сајтови за организациии - владини или невладини.

 

digit2.jpg

Настанот ќе се одржи од 28.11.2016 до 02.12.2016 во просториите на HUB Skopje, каде што  за време на интерактивната петдневна работилница, натпреварувачите ќе креираат свои дела (веб-страни) со фокус на front-end дизајнот под менторство од вистински експерти во одредената област.

DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) претставува едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето. Скратено од Design and Interactive Graphics in IT, датира уште од 2013-та година и е создаден со цел студентите од сите факултети да се здобијат со вистинско техничко знаење во овие полиња (графички, апликациски, интерактивен и било каков друг дизајн). Успехот на DIGIT ги надмина сите досегашни проекти од сличен карактер и овозможи посета на врвни компании од оваа област.

Повеќе детали во однос на предавањата, локацијата и деталите може да најдете на официјалниот Facebook настан.

Како да аплицирате?

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да го пополнат следниот апликационен формулар:

https://goo.gl/forms/NXdlrUrVdI7YPDTA2

*На студентите на ФИНКИ со сертификатот од настанот им се доделува 2 ЕКТС КРЕДИТИ.

Само 30 учесници ќе бидат селектирани. Крајниот рок за аплицирање е 20.11.2016, 12:00 часот.

 

0