На ден 13.04.2016 (среда), од 19.00 часот, ќе се оддржи третиот од серијата шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема  „Скопје 2022: Урбано одржлив град - реалност или илузија? (“Skopje 2022: Sustainable City - Reality or illusion?”) во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации на ФИНКИ во Скопје. Настанот е предводен од страна на група волонтери и со поддршка на ФИНКИ Social Innovation Hub, Бизнис Академија Смилевски и Smart Up – Creating the geeks of tomorrow. На официјалниот лиценциран настан на TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ќе се прикажат 2 TED говори, проследени со панел дискусија.

 

 

Целта на настанот ќе биде да се презентираат модели на одржливи градови, успешни примери на решавање на проблемите на градовите во светот, а воедно и да се продискутира како истите би можеле да се прилагодат на нашите услови. Ќе го отвориме прашањето за тоа дали е потребно вклучување на сите учесници од општеството во процесот на изнаоѓање иновативни и креативни решенија кои би функционирале во Македонија, и се ќе обидеме да поттикнеме на размислување за проблемите во градот Скопје, идеи за нивно решавање и начини на кои тие би постанале реалност. Идејата е преку интересни теми да ги стимулираме љубителите на добра дискусија да се соберат на едно место и да се вмрежат, а истовремено и да научат нешто ново.