Што? - Зимска школа - Design thinking
 
Кога? - 27ми февруари до 5ти март
 
Каде? - Барака 1 (NOKIA)
 
Пријавување - тука (Deadline: 23ти февруари)
 
 
Зимската школа за Design Thinking претставува единствена можност за експериментирање и учење преку работа за сите студенти кои се иновативни, креативни и заинтересирани да станат идни застапници на оваа методологија. Design Thinking е методологија која се користи од дизајнери за решавање на комлексни проблеми со користење на логика, имагинација, интуиција и систематско размислување за истражување и постигнување на посакуваните резултати.
 
 
Предлог теми кои ќе се обработуваат за време на Зимската школа:
 
  • Климатски промени
  • Невработеност на млади
  • Социјални услуги
  • Урбана отпорност
 
Студентите ќе имаат можност да ги решаваат овие предизвици преку дизајнирање на продукти, места, услуги или цели системи. Учесниците на Зимската школа ќе работат во мешани тимови од најразлични академски профили, вклучувајќи ги општествено - хуманистички, научните и техничко - технолошки. Работењето во мешани тимови е можност студентите да се запознаат со различните перспективи.
 
Иницијатор на проектот е Центарот за Социјални Иновации кој е основан од страна на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Партнери за реализација на Зимската Школа се Лабораторијата за Општествени Иновации и студентската организација - БЕСТ скратено од Борд на Европски Студенти по Технологија.
 
 
Курсот е бесплатен но местата се ограничени, а доколку сте примени на школата ќе добиете потврден e-mail на адресата која сте ја оставиле во формата. Студентите кои ќе учествуваат на оваа школа и притоа се студенти на ФИНКИ, ќе добијат 1 ЕКТС кредит.
 
 
 

Повеќе информации на следниот линк и на официјалниот настан на Facebook.