13/12/2011

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатички технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Cisco, Corel, Microsoft, Quark и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од практикант/ка.
Ангажираниот практикант/ка ќе обавува практикантска работа како асистент на работната позиција Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Висока стручна подготовка - диплома од Електротехнички факултет Скопје, насока КТИА или од друга еквивалентна образовна институција, со или без работно искуство;
- Возачка дозвола (Б категорија);
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик - пишуван и говорен;
- Познавање и искуство во администрирање на различни оперативни системи ќе се смета за предност;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност;
- Познавање и искуство во развој на апликативен софтвер - познавање на Java, Visual Basic.Net, SQL, MySQL ќе се смета за предност;
- Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност;
- Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите кои што го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови, преку e-mail, на office@smartsolutions.com.mk.
Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето.