Здружението за подобро информатичко општество еСвет во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) - Скопје распишува оглас за прием на студенти за извршување на практична работа во периодот од Јули 2013 до Септември 2013 година.

Практичната работа за студентите би се одвивала во согласност со програмата за практична настава за студентите и во координација со дејноста и активностите на здружението. Практичната настава за студентите би се состоела од практични, корисни задачи и ангажмани во просториите на Задружението за подобро информатичко општество еСвет и во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) - Скопје.

Заинтересираните студенти треба да имаат познавања од PHР, MySQL, Java Script, JSON, HTML, CSS.

Заинтересираните студенти можат да се пријават со испраќање на CV на contact@eworldcommunity.org најдоцна до 7 Јули 2013.

Студентите кои што ќе бидат избрани да ја извршуваат практичната работа во еСвет ќе бидат информирани преку e-mail во најкраток можен рок.
 
 /> </div>
</body></html>