На почетокот на оваа година започна новиот проект под наслов: „Е-модули за хистопатологија: значајна онлајн алатка наменета за студенти, истражувачи и професионалци –ХИПОН”, кофинансиран од Програмата за доживотно учење на Извршната едукативна аудивизуелна и културна агенција на Комисијата на Европска унија.
 
Првиот состанок со партнерите беше одржан во Атина на 17-ти и 18-ти јануари 2013 година. Домаќин на настанот беше Националниот Кападостриан Универзитет од Атина, а присуствуваа 12 членови на проектот од 5 земји – учеснички. Конкретно, учествуваа следниве членови: Факултетот за медицина на Националниот Кападостриан Универзитет во Атина, Грција [ застапен од Андреас Ц. Лазарис (Проектен менаџер на ХИПОН), Екатерини Павлакис, Ѓорѓиос Расидакис, Ефтимиос Кониарис и Димитрис Керамидас], Факултетот за медицина на Универзитетот во Загреб, Хрватска (застапен од Свен Зајверт и Лука Брчиќ), Нијмеген Медицински центар на Радбоунд Универзитетот од Холандија (застапен од Хан ван Криекен и Анемике Смитс), Центарот за напредно истражување и развој во образовната технологија, (CARDET) од Кипар (застапен од Сотирис Темистоклеус) и Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Универзитот „ Св.Кирил и Методиј“ од Македонија (застепен од Гоце Арменски и Марјан Гушев). 
 
ХИПОН има намера да научи студентите по медицина, патолозите обучувачи и професионалци на правилниот начин на пристапување кон анализа на примероци на ткиво, препознавање патека на повреди и нивна корелација со основните механизми на болеста и клиничките податоци. 
 
Идејата е да се пренесе професионалното искуство преку веб платформа за учење искористувајќи ги предностите на модерната технологија. Започнувајќи со нормална хистологија, преку користење на виртуелни слајдови, едукативни видеа и микро-слики, како и индикативни прашања и одговори, нашата намера е да ги научиме крајните корисници како да размислуваат како професионални и искусни патолози и да стекнат искуство во корелација со патолошки податоци и други клинички информации. ХИПОН ќе биде самостоен повеќе јазичен е-систем за учење што ќе овозможува практична обука на студенти и професионалци. 
 
Како појдовна точка во дефинирањето на сегашниот статус, клучните потреби, очекувањата и односот на можните корисници на ХИПОН платформата, изработен е прашалник. Прашалникот може да се најде на следниот линк
 
Следниот состанок на партнерите се планира да биде организиран за време на 25 от Европски конгрес на патологија во Лисабон, во септември оваа година.