Компанијата CodeWell најавува почеток на својат најнов проект - летна школа во областа на програмирање и дизајн - CodeWell Startup School.
 
Станува збор за програма со времетраење од 3 месеци во која учесниците / студентите истовремено ќе учат и ќе работат на создавање на сопствен продукт - развивање на игра (Game Development).
 
Во програмата ќе бидат вклучени 10 студенти кои ќе бидат обучувани да работат во Андроид и iOS оперативните системи, PHP програмскиот јазик и UI/UX Design. Целна група на компанијата се студентите од факултетите за информатичка технологија, примарно студенти на завршните години од студиите. Студентите секојдневно ќе имаат 2 часовни предавања на овие теми од страна на тренери со кои ќе имаат постојана соработка и поддршка. Оваа група на студенти ќе дејствува самостојно како еден вид на нова stаrtup компанија во рамките на CodeWell. 
 
Учеството во оваа летна школа ќе биде бесплатно, а учесниците ќе имаат можност да работат со најсовремената опрема на компјутери, паметни телефони и тест уреди. Програмата ќе стартува на 24 Јуни. 
 
Се охрабруваат сите кандидати кои сакаат да бидат дел од еден млад тим и да учат и работат во позитивна атмосфера да испратат свое CV на англиски јазик на info@codewell.mk, најдоцна до 19 јуни. 
 
 /> </div>
<div> </div>
</body></html>