Е-модули за хистопатологија: значајна онлајн алатка наменета за студенти, истражувачи и професионалци – ХИПОН“ е проекткофинансиран од Програмата за доживотно учење на Извршната едукативна аудивизуелна и културна агенција на Комисијата на Европска унија, предводен од Проф. Д-р. Андреас Ц. Лазарис од Факултетот за медицина на Националниот Кападостриан Универзитет во Атина, со следниве партнери: Факултетот за медицина на Универзитетот во Загреб, Хрватска, Медицинскиот центар на Универзитетот Радбоунд од Холандија, Центарот за напредно истражување и развој во образовната технологија, (CARDET) од Кипар и Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Универзитот „Св.Кирил и Методиј“ од Македонија.
 

По речиси 2,5 години напорна работа, на која претходеше речиси исто толкав интензивен период на подготовка на проектот, слободно може да се каже дека имаме автономна, добро-структуирaна и кориснички ориентирана, повеќејазична платформа за е-учење посебно фокусирана на хистопатологијата, која претставува значајна алатка за помош во образованието на студентите, истражувачите и професионалците.

 
Од јануари 2015, во секоја од земјите од каде што доаѓаат партнерите на проектот, 15 избрани корисници, со различно ниво на знаење и искуство како наставници (студенти, доктори и патолози наставници/не-наставници) ја тестираа нашата платформа, истовремено давајќи ни значајни коментари и оценка за нејзиниот квалитет. Врз основа на добиените коментари, нашиот тим се обидува да ги финализира последните поправки и подобрувања на платформата, пред крајот на проектот.
 
На 15-ти и 16-ти мај 2015 година, во Скопје се одржа 6-тиот конзорциумски состанок за ХИПОН, на кој се дискутираа и договорија сите активности кои преостануваат до крајот на проектот. Последниот конзорциумски состанок за ХИПОН ќе претходи на меѓународната конференција и работилница за образование во патологијата која ќе се одржи во Атина, во Националниот Кападостриан Универзитет на 22-ри и 23-ти октомври 2015 година.
 
Задоволство ни е да објавиме и дека нашиот проект беше презентиран на конференцијата ”Нови перспективи во образованието кај природните науки” која се одржа во Фиренца, Италија на 20-ти и 21-ви март 2015 година; виртуелната презентација и трудот со наслов “ХИПОН проектот: здобивање со искуство во медицината со помош на платформа за е-учење. Нова перспектива во школувањето патолози” беа одлично примени кај слушателите. Дополнително, друг научен труд со наслов “здобивање искуство во патологијата од она што го гледате, не од она што го читате: ХИПОН платформата за е-учење” е во процес на публикување во PubMed журналот “Новости во медицинското образование и пракса”.
 
И покрај чуството на меланхолија поради тоа што проектот влегува во неговата последна фаза, кога ќе погледнеме назад и кога ќе видиме колку многу постигнавме за ова ограничено време, полни сме со задоволство и самопочитување.
 
ХИПОН конзорциумот