Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во соработка со Ultra Design Shop од Скопје, нуди изработка на стилизирани ФИНКИ Passion маички. Маичките, кои се достапни во машка и женска верзија и во големина и боја по избор, се изработуваат по нарачка.

Заинтересираните можат да нарачаат маичка преку e-mail на contact@ultradesign.mk, со наведување на детали за типот, големината и бојата на маичката. Цената на маичките изнесува 500 денари.

Нарачки можат да се прават и директно во Ultra Design Shop на ул. „Орце Николов“ бр. 93, локал 7 (близу кружниот тек во Дебар Маало), при што заинтересираните на лице место можат да направат избор и да пробаат модел, големина и боја на маичка која најмногу им одговара.
 
 /> </div>
</body></html>